Бројот на жртвите од СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС во Кина се зголеми на 74

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Бројот на жртвите од силниот земјотрес во југозападна Кина се искачи на 74, јавија денеска државните медиуми.

Илјадници луѓе се евакуирани во привремени засолништа бидејќи обилните врнежи се закануваат да предизвикаат нови свлечишта.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала се случи пред два дена на 43 километри југоисточно од градот Кангдинг во провинцијата Сечуан, на длабочина од десет километри, покажуваат податоците на Американскиот геолошки институт.

Кинескиот „Пиплс дејли“ пишува дека 34 лица се убиени во градот Јаан, а 40 во соседната префектура Ганзи, пренесе АФП.

Според државната телевизија, повеќе од 21.000 луѓе се евакуирани од областите во кои постои ризик од лизгање на земјиштето или уривање на згради.

Спасувачите продолжуваат да ги посетуваат тешко достапните села во планинскиот регион во југозападниот дел на покраината во потрага по преживеани. Се верува дека десетици луѓе се блокирани или исчезнати.

Најмалку 13 последователни потреси со јачина од три степени се регистрирани до полноќ, соопшти Кинескиот мрежен центар за земјотреси.

Слични содржини