Рускиот тенисер Карен Хачанов го победи австралискиот играч Ник Кирјос со 7:5, 4:6, 7:5, 6:7, 6:4 по маратон во пет сета.
Лошото момче на белиот спорт го заврши учеството на УС Опен во четвртфиналето, а за време на мечот љубителите на „белиот спорт“ можеа да го видат неговиот гнев како го исфрла на рекетот.
И на рекетот што му беше во рацете, и на оној што му беше во чантата, фрлаше и кршеше се пред себе …
Инаку, ова не е прв пат на овогодинешниот УС Опен Кирјос да прави хаос – истото го направи неколку кола претходно.
Nick Kyrgios visibly frustrated after his #USOpen Quarterfinal loss 👀pic.twitter.com/i6x32ZDwwY
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) September 7, 2022
Победата на рускиот тенисер дојде како големо изненадување, бидејќи Кирјос важеше за голем фаворит.
Но, и Качанов знаеше да го победи Ник во минатото, а имаа и епски дуел на Австралија опен во пет сета, па се знаеше дека на Австралиецот не му претстои лесна работа.
Од почетокот на натпреварот се играше тешко и можеше да се насети дека ќе биде голема борба, бидејќи ниту една страна не отстапуваше. Пресвртот се случи во 12. гем, кога Хачанов го одзеде сервисот на Австралиецот и поведе.
Следеше жестока битка, онаква каква што сакаат да видат љубителите на тенисот.
Хачанов и Кирјос им приредија спектакл за уживање, а Русинот на крајот победи.