Откако снимката на која се чини дека Хари Стајлс плука по Крис Пајн за време на премиерата на „Don’t worry darling“ стана вирална на социјалните мрежи, се огласи портпаролот на актерот.
И наместо да се зборува за филмовите на Филмскиот фестивал во Венеција, овие денови се чини дека единствената грижа на корисниците на социјалните мрежи е дали Хари Стајлс го плукнал Крис Пајн за време на премиерата или не.
Портпаролот на актерот се огласи и ги демантираше овие наводи.
„Ова е смешна приказна – целосна измислица“, рече тој.
„Тоа е резултат на тоа што интернетот создава илузии, мами и дозволува глупави нагаѓања.
„Само да бидам јасен, Хари Стајлс не плука по Крис Пајн“, продолжи портпаролот.
„Постои само почит меѓу овие двајца мажи и секоја друга сугестија е бесрамен обид да се создаде драма која едноставно не постои“.
Претставник на Хари Стајлс допрва треба да ја коментира ситуацијата.
Did Harry Styles just spit on Chris Pine?? #DontWorryDarling pic.twitter.com/V79mMi8CQs
— Matt Ramos (@therealsupes) September 6, 2022