Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија „ништо не изгубила и нема да изгуби во специјалната воена операција во Украина“ и дека на тој начин само го зајакнала својот суверенитет.
„Верувам дека ништо не изгубивме и нема да изгубиме. А од гледна точка на добивки, можам да кажам дека нашата главна добивка е посилниот суверенитет. Ова е неизбежен резултат на она што се случува“, рече Путин на пленарна сесија на Источниот економски форум во Владивосток, пренесе ТАС С.