187
Жена со дете паднала додека се симнувала од трамвај во Нов Белград.
Како што информираат српските медиуми, несреќата се случила околу 08:30 часот во близина на населбата Белвил, каде што сообраќаат трамвајските линии 11 и 13.
Според неофицијални информации, жената при излегување од трамвај паднала и се повредила.
Во инцидентот жената ја повредила ногата, додека детето има лузна на лицето.