Општина Аеродром демантира: За набавката на топол оброк во училиштата одговорни се самите училишта

од Берта Китинска
136 прегледи

СДСМ со своите партиски соопштенија уште еднаш го докажува аматеризмот, несериозноста и крајното непознавање на тоа како функционира локалната самоуправа. Денеска, локалниот огранок на СДСМ во Аеродром во јавноста пласираше дезинформација, според која градоначалникот Муцунски и општинската администрација се виновни за недостигот на ужина и топол оброк во основните училишта, велат од општина Аеродром.

Оттаму, велат дека целосно ги отфрлаат овие обвинувања.

-Истовремено би сакале да ги подучиме дека за набавката на топол оброк и ужина во училиштата, одговорни се самите училишта, а не Општина Аеродром како институција кон која тие неколкупати неосновано го вперуваат прстот. Во овој момент во неколку основни училишта е во завршна фаза процедурата за обезбедување на топол оброк во соработка со училишниот одбор и советот на родители.Евидентни се загриженоста и разочараноста од тоа што со четиригодишно неработење, СДСМ во Аеродром ја изгуби шансата да ја продолжи праксата која самите ја наметнаа, а која предвидуваше сомнителни тендери и игнорирање на конкуренцијата во корист на еден снабдувач.Главната функција на опозицијата е да биде коректив на локалната самоуправа, а не гласник за ширење на дезинформации и неосновани обвинувања, велат од општината.

Слични содржини