На 06.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај две патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од с.Матејче, липковско, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(53) од с.Василево, струмичко и патничко возило – комби „фиат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(24) од с.Градец, виничко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.