Нуредини: Имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив

од Берта Китинска
136 прегледи

Владата никогаш не ја заостави животната средина и стандардите кои се предвидени. Имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив, го имплементираме Законот за отпад, а веќе правиме и закон за водите и за индустриските зони. Никогаш не сме заборавиле на тој аспект, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој ги повика и граѓаните и институциите да се грижат за заштедата на електричната енергија.

– Веќе имаме закон за квалитетот на воздухот во нашата земја и локалниот инспекторат треба да соработува со државната инспекција за тие што загадуваат. Подобро ќе биде да се греат со електрична енергија отколку со други начини на греење. Треба да тргнеме прво од себе си да не загадуваме, заклучи Нуредини.

Слични содржини