Документарен филм од два дела за судењето на поранешната двојка ќе биде објавен на 19 септември на стриминг платформата Discovery +.
Документарецот се состои од интервјуа со адвокатите на Деп, правни експерти и новинари, како и снимки кои не успеавме да ги видиме за време на судењето, како и сè што се случуваше зад сцената.
Првата епизода ќе биде од гледна точка на Деп, зборувајќи за неговото тешко детство, бракот со Амбер и неговото однесување кон неа и дали тој всушност бил жртва на семејно насилство.
Во втората епизода ќе биде прикажана Амбер Херд, вклучувајќи го нејзиниот детален опис пред камера на наводниот сексуален напад и како фановите на Деп ја нападнале на социјалните мрежи за време на судењето.
Документарецот ќе се вика „Johnny vs Amber: The US Trial“.
„Серијата дава форензички приказ на клучните докази и пресвртните точки на случајот од двете страни, дозволувајќи им на гледачите сами да одлучат во кого да веруваат“, се вели во описот на оваа мини-серија.
Да потсетиме дека судењето меѓу Деп и Амбер траеше шест недели. Тој ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета за семејното малтретирање што таа го опиша во напис за Вашингтон пост, а поротата пресуди во негова корист.