Зечевиќ: По 31 година оспорување и негирање, стоечки докажавме дека сме лојални и непоколебливи во својата кауза

од Nikola Popovski
128 прегледи

На денешен ден пред 31 година, граѓаните на демократски и достоинствен начин го остварија вековниот сон за независна, самостојна и суверена држава. На тој историски 8 Септември 1991 година ги реализиравме заложбите и идеалите на Илинденците и учесниците во НОБ и ги поставивме темелите и стратешките цели кои го исцртаа патот по кој ќе чекори државата. Станавме почитувана и достоинствена земја, рамо до рамо со најразвиените земји членки на безбедносниот сојуз, НАТО, земја која гради пријателства со соседите, вели генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ во честитката по повод 8-ми септември – Денот на независноста на Македонија.

Зечевиќ потенцира дека по 31 година оспорување и негирање, стоечки докажавме дека сме лојални и непоколебливи во својата кауза, да останеме свои, признаени од светот со сите посебности.

-Пред нас е период на нови сериозни предизвици, но само обединети и сплотени заеднички ќе дојдеме до решенија. Сега е време кога секој од нас треба да покаже зрелост, одговорност и државнички капацитет. Само така ќе продолжиме по патот на напредокот и ќе го оствариме аманетот на нашите предци – да ја чуваме и развиваме нашата заедничка татковина, се наведува во честитката на Зечевиќ.

Слични содржини