Блинкен отпатува во Украина, најави помош од 2 милијарди долари

од Nikola Popovski
154 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска најави голема воена помош од две милијарди долари за Украина и другите европски земји, кои, како што рече, постои можна руска закана. Тој беше во ненајавена посета на Украина, а предвидено е да се сретне и со украинските претставници во Киев, јавува Си-Ен-Ен.

Блинкен рече дека американската администрација обезбедила две милијарди долари долгорочна воена помош за Украина, како и за 18 други земји.

Тој не прецизираше кои земји, но наведе дека меѓу нив има членки на НАТО и „регионални безбедносни партнери“ кои, како што наведе, имаат најголем ризик од можна идна руска агресија, пренесува АП. `

Тоа е дополнување на пакетот тешко оружје, муниција и оклопни возила вреден 675 милиони долари, кој се однесува само на Украина, а кој претходно денеска на конференција во Германија го објави министерот за одбрана Лојд Остин.

Со оваа сума, вкупната американска помош за Украина е 15,2 милијарди долари откако администрацијата на Бајден ја презеде функцијата, наведува АП.

Слични содржини