Иранските дипломати во Тирана запалија документи пред да ја напуштат земјата

од Nikola Popovski
165 прегледи

Иранските дипломати во Тирана утрово запалиле документи пред да ја напуштат земјата откако Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран, обвинувајќи ја земјата за сајбер напад во јули, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Еден сведок изјави за Ројтерс дека видел човек од амбасадата како фрла хартии во зарѓано буре, по што пламен избувнал ширејќи се по ѕидовите на трикатната амбасада.

Во ретко видео обраќање во средата, албанскиот премиер Еди Рама рече дека им наредил на иранските дипломати и персоналот да ја затворат амбасадата и да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Рама рече дека сајбер нападот во јули „се заканува да ги парализира јавните услуги, да ги избрише дигиталните системи и да ги хакира владините записи, да ги украде електронските комуникации на владиниот интранет и да предизвика хаос и несигурност во земјата“.

Техеран силно ја осуди одлуката на Тирана да ги прекине дипломатските врски, нарекувајќи ги причините на Албанија за овој потег „неосновани тврдења“.

Неколку дена по сајбер нападот, медиумите од Тирана објавија дека хакери објавиле лични податоци на членови на опозицијата кои се зачувани во државните компјутери на Албанија, како што се лични, социјални и безбедносни броеви, имиња и фотографии.

Слични содржини