Блинкен ни го честиташе Денот на независноста: САД ќе продолжи да стои до С. Македонија

од Nikola Popovski
173 прегледи

Во име на Соединетите Американски Држави, им честитам на народот на Северна Македонија за прославата на 31 година од независноста на вашата земја, стои во честитката на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, објавена од американскиот Стејт Департмент.

Блинкен порачал дека Северна Македонија направи голем напредок кон европската интеграција со отворањето на преговорите за пристап во Европската унија оваа година.

-Единството во Европа и стремежот кон нашите демократски вредности се поважни сега од кога било. Соединетите Држави ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката.

Блинкен укажал дека САД и Македонија исподелуваат демократски вредности и посветеност на човековите права кои стојат цврсти пред глобалните предизвици.

-Соединетите Држави ќе продолжат да стојат со вас додека правите големи чекори кон зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на вашите демократски институции, порача државниот секретар Блинкен.

Слични содржини