Хамилтон казнет, ​​стартува од последното место

од Nikola Popovski
182 прегледи

Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе ја започне трката во Формула 1 во Монца од последната, 20-та позиција поради промена на моторот, објави „Sky Sport“.

За време на трката за Големата награда на Белгија, Хамилтон направи инцидент со Фернандо Алонсо и во таа прилика го оштети моторот.

Во несреќата, моторот беше погоден со сила од 45G, а Мерцедес беше принуден да вгради во болидот на Хамилтон четврти агрегат оваа сезона.

Британецот моментално е на шестото место во генералниот пласман во Формула 1.

Трката за Големата награда на Италија ќе се вози во недела на 11 септември од 15 часот.

Слични содржини