По смртта на кралицата Елизабета Втора, која помина седум децении на тронот, нејзиниот син Чарлс стана нов крал.
Како што беше потврдено вечерва, новиот крал го избрал името Чарлс Трети, додека неговата сегашна титула ќе ја носи неговиот најстар син Вилијам.
На официјалниот Твитер профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон веќе се внесени нови титули – војвода и војвотката од Корнвол и Кембриџ, што се титули кои претходно ги носеа новиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила.
Една од првите задачи на новиот крал била да избере име под кое ќе владее. Можеше да избере едно од неколкуте негови средни имиња. Целосното име на поранешниот принц од Велс е Чарлс Филип Артур Џорџ.
Потсетуваме, кралицата Елизабета почина денеска во Балмор, Шкотска на 96-годишна возраст.
„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и кралицата вечерва ќе останат во Балморал, а утре ќе се вратат во Лондон“, се вели во соопштението.
The Queen died peacefully at Balmoral this afternoon.
The King and The Queen Consort will remain at Balmoral this evening and will return to London tomorrow. pic.twitter.com/VfxpXro22W
— The Royal Family (@RoyalFamily) September 8, 2022
Елизабета на тронот дојде на 25 години, а оваа година одбележа седум децении владеење. Таа успешно ја водеше монархијата низ децениските турбулентни промени.