292
Музичарот се огласи по веста која ја обиколи планетата.
Познатиот музичар Елтон Џон проговори по смртта на британската кралица Елизабета Втора.
„Како и остатокот од нацијата, длабоко ме растажи веста за смртта на нејзиното кралско височество, кралицата Елизабета“, започна Елтон.
Тој изјави и дека таа е „инспиративно суштество кое достоинствено ја водеше земјата низ некои од најубавите, но и најмрачните моменти“.
View this post on Instagram
„Кралицата Елизабета играше важна улога во мојот живот од детството до денес и многу ќе ми недостига“, напиша меѓу другото музичарот.