Зеленски тврди дека се ослободени повеќе од илјада квадратни километри, Москва негира

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави во видео обраќање дека украинските сили „ослободиле десетици населени места“ и повратиле 1.000 квадратни километри територија на исток и југ од 1 септември.

Во своето обраќање во четвртокот, Зеленски објави и видео во кое украинските војници изјавуваат дека го зазеле градот Балаклија кај Харков, вториот по големина град во Украина, пренесе Ројтерс.

Според британската агенција, видеото објавено на страницата што собира украински вести покажува дека руските сили оставиле зад себе камиони, артилерија и муниција.

Не може да стане збор за некаков пробив на украинските војници за време на нивната „контра-офанзива“, изјави пак Василиј Небензја, постојан претставник на Русија во ОН, на состанокот на Советот за безбедност.

„Со цел да моли за ново оружје, особено пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Рамштајн, режимот на Зеленски се обиде да создаде барем изглед дека Украина може да нападне“, рече Небензја.

Слични содржини