ЕУ го суспендираше договорот за визно олеснување за Русија

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Европскиот совет денеска донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија.

Од следната недела за руските граѓани ќе важат општите правила на визниот код, што ќе резултира со зголемување на таксата за аплицирање за виза од 35 на 80 евра, потреба од доставување дополнителна документација, продолжување на времето за обработка на визата и порестриктивни правила за издавање визи за повеќекратни влезови.

Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан истакнува дека одлуката е директна последица на постапките на Русија и доказ за европската посветеност кон Украина.