238
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во семејна куќа во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години.
Со оглед на тоа што од екипите на Итната медицинска помош беше констатирана смрт со видливи изгореници на телото, надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот.
Од лице место беа подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта.