Зајкова на панелот „За посилно евроатлантско сојузништво”: Членството во НАТО се покажа дека била исправна одлука

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Потребно е лидерство, визија и карактер за носење мудри одлуки, но и сојузништво, затоа што многу е лесно да срушиме еден мост, но да изградите мост на пријателство е многу тешко, рече пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова на панелот „За посилно евроатлантско сојузништво” кој се одржа на АУЕ-ФОН.

– Јас сум од онаа генерација што постојано слушаше за Европската Унија и мислеше дека таа интеграција ќе се случи веднаш. Како држава бевме испречени пред многу сериозни одлуки, пред и доста храбри одлуки. Собранието во два наврати носи клучни одлуки, првиот беше договорот од Преспа, кога сите мислевме дека тоа е завршницата и дека готово влегуваме во процесот на евро интреграциите, но потоа следеше оној Француски предлог којшто ја брануваше јавноста, а беше клучен за продолжување на патот кон ЕУ, рече Зајкова која е и поранешна студентка на АУЕ-ФОН.

Таа додаде дека токму Договорот од Преспа го донесе членството во НАТО.

-Искрено се надевам дека со прифаќање на Францускиот предлог државата продолжува на вистинскиот пат, кон евроспките аспирации и ќе биде брзо интегрирана во европското семејство. Не е воопшто лесно кога се носат одлуки, меѓутоа лидерствгото и водењето на државата не значи само користење на бенефициите коишто ви ги дава функцијата, туку треба да се одважите и пред донесувањето на храбри одлуки, притоа знаејќи дека тоа можеби и нема да оди поволно за вашиот рејтинг, додаде таа.

Зајкова потенцираше дека е во моментот државата е фокусирана на внатрешни реформи, посебно ставајќи акцент на неопходноста на итни реформи во образованието затоа што клучно за една држава се младите, но многу е важно и образованието, односно какво образование ќе понудиме и како ќе ги учиме младите да се борат и да го трасираат европскиот пат.

– А ние сите тука имаме една цел а тоа е како што ја видовме нашата земја интегрирана во НАТО, да ја видиме многу брзо интегрирана како полноправна и рамноправна членка на ЕУ, рече таа.

Во рамки на настанот на панелот „За посилно евроатлантско сојузништво” говорници беа и претседателот на атлантски клуб Бугарија, Соломон Паси, претседателот на евроатлантски совет Македонија Исмет Рамадани, универзитетскиот професор и бугарскиот пратеник од ДПС Четин Казак, пратеничката на Врховната Рада Кира Рудик, професорот на АУЕ-ФОН, Нано Ружин а модериратор беше Емил Кирјас.

На конференцијата беа промовирани двојни програми на АУЕ-ФОН од Германија , Франција, Израел и Бугарија.

Слични содржини