Голем дел од светот сè уште тагува за смртта на кралицата Елизабета Втора, најстариот монарх, кој го напушти овој свет на 97-годишна возраст. Во Велика Британија се прогласени денови на жалост, додека од тоа „отстапува“ поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Вест Хем, кој ја изненади јавноста со своите ставови.
Тревор Синклер, поранешен репрезентативец на Англија, како и фудбалер на Манчестер Сити, Селтик, Вест Хем, проговори на Твитер веднаш по веста дека кралицата починала. Сепак, тој не изрази жалење туку своевидна радост.
– Расизмот беше забранет во Англија уште во 1960-тите, но многу проблеми останаа за време на нејзиното владеење. Зошто црните и кафените луѓе да тагуваат, праша Синклер.
https://twitter.com/Nadine_Writes/status/1568172199416037378?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1568172199416037378%7Ctwgr%5E1d3e20af9817ea1e1adbfba34e05125eafec0f5b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F3553681-zasto-da-tugujemo-zbog-nje-bivsi-reprezentativac-engleske-sokirao-javnost-nakon-smrti-kraljice-elizabete
Синклер сега работи како стручен коментатор на „ТалкСпорт“, кој веднаш се обидел да контактира со него, но тој упорно ги одбивал повиците, па голема е веројатноста наскоро да биде отпуштен од работа.
Фото: Profimedia