ЕУ ѝ одобри заем на Украина од пет милијарди евра

од Nikola Popovski
119 прегледи

Министрите за финансии на Европската унија денеска на состанок во Прага, Украина одобрија заем од пет милијарди евра за да можат училиштата, болниците и другите институции да продолжат да работат.

Заемот, кој ќе биде поддржан со гаранции од земјите-членки на ЕУ, е дел од пакетот помош вреден девет милијарди евра усвоен во мај.

Првата милијарда евра беше испратена во Украина во август, а според чешкиот министер за финансии Збињек Стањура, на следните состаноци ќе се одлучи како преостанатите три милијарди ќе бидат поделени на заеми и грантови.

Министрите разговараа за долгорочните опции за помош на Украина во финансирањето на реконструкцијата во иднина, како и можностите за краткорочни инвестиции, пренесува Ројтерс.

Во извештајот што денеска го објавија Светската банка, украинската влада и Европската комисија, се проценува дека до 1 јуни Украина претрпела директна штета од војната во износ од 97 милијарди долари и дека обновата на земјата може да чинеше речиси 350 милијарди долари.