Канада го прогласи Чарлс III за крал

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Канада го прогласи Чарлс III за крал на свечена церемонија одржана во резиденцијата на генералниот гувернер во Отава, кој, како претставник на монархот во Канада, дејствува како шеф на државата во име на круната.

По смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета, Чарлс автоматски стана крал на Обединетото Кралство и формален шеф на уште 14 земји, вклучувајќи ја и Канада, која прогласи десетдневна жалост поради смртта на кралицата, пренесе Хина.

Канада не е британска колонија од 1867 година, до 1982 година беше дел од Британската империја, а потоа остана членка на Комонвелтот, земјите од поранешната империја кои имаат британски монарх на чело на државата.

По состанокот на владата, премиерот Џастин Трудо и генералниот гувернер Мери Сајмон ја потпишаа одлуката за прогласување на новиот суверен.

Слични содржини