ВИДЕО: Поворката со ковчегот со телото на кралицата од Балморал се упати кон Единбург

од Берта Китинска
134 прегледи

Ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска за Единбург.

Новинарите на Би-Би-Си од местото на настанот јавуваат дека атмосферата е исклучително мирна и тивка.

Во среда ковчегот ќе биде поставен во Вестминстерската сала, а погребот ќе се одржи на 19 септември.

Кралицата Елизабета почина на 8 септември во Балморал.

Слични содржини