Временска прогноза за наредните денови: Натпросечно топло во четврток и петок

од Берта Китинска
173 прегледи

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека од утре следува период на стабилно време со постудени утра.

Според прогнозата на УХМР, утре ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови пониска дневна температура до вторник.

Во вторник утринските температури ќе бидат од 6 до 17 и дневните од 21 до 28, а во среда – минималната од 5 до 15 степени и максималната од 25 до 31 степен.

-Од среда температурата повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло, соопшти УХМР.