Дали пуканките навистина се една од најздравите грицки?

од Берта Китинска
297 прегледи

Пуканките се едни од омилените грицки, а повеќето луѓе кога одат во кино,го грицкаат токму тоа – пуканки за време на филмот. Но, се поставува прашањето, дали пуканките се поздрави од другите грицки како чипс и смоки или се исто толку штетни за организмот?

Пуканките не се ништо повеќе од цело зрно пченка. Иако при подготовката се користат малку маснотии, тие не се сметаат за брза храна.

Според нивниот состав, пуканките имаат многу влакна и малку калории. Поточно, една шолја пуканки содржи: 31 калории, 1 g протеини, 0,4 g масти, 6 g јаглени хидрати, 1 g влакна и 0,07 g шеќер, што го прави одлична замена за пржените грицки.

Сепак, лесно можете да ја расипете калориската вредност на пуканките ако додадете путер, сирење, карамела или било кој друг додаток. Тогаш престануваат сите муабети за пуканки како здрава храна.

Што се однесува до пуканки во микробранова печка, избегнувајте ги затоа што се богати со сол и заситени масти, а постои и ризик од развој на посебен вид белодробна болест поврзана со диацетил, хемикалија која се користи во маргаринот на пуканки.

Со други зборови, најдобро е добрите, стари пуканки што ги правите во старо тенџере со неколку капки масло.

Слични содржини