Три лица загинаа за време на обука на талибанците во Кабул кога се урна хеликоптер од американско производство, соопшти авганистанското министерство за одбрана.
Хеликоптерот се урнал во кампусот на Универзитетот за одбрана поради „технички проблем за време на вежбата“.
Двајца пилоти и еден член на екипажот загинаа, а пет членови на екипажот се повредени.
За време на повлекувањето од Авганистан пред една година, американската војска зад себе остави авионска опрема, оружје и возила во вредност од милијарди долари, од кои повеќето станаа неупотребливи.