Правда повторно ќе бара од Косово да ги испорача осудените во „Монструм“

од Берта Китинска
282 прегледи

Од Министерството за правада информираат дека нови барања за екстрадиција покрај за екс-премиерот во бегство Никола Груевски ќе бара и за осудените бегалци за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

-За Лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор. Во постапките, се што беше побарано од косовските власти беше доставено.Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени двапати, февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која ја потврди првостепената одлука за ,,Монструм” со која Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се правосилно осудени на доживотна казна затвор. За овие лица Министерството за правда повторно ќе поднесе ново барање за екстрадиција, информираат од правда.

По убиството, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.Косовската полиција во 2013 година ги уапси прво и третообвинетиот за петкратното убиство што се случи кај Смилковското eзеро.

Пред неколку дена Апелациониот суд во Скопје како неосновани ги отфрли жалбите на петтемина обвинети во случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковско Езеро. Со оваа одлука на Апелација уште еднаш се потврдуваат казните за доживотен затвор на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, за кои петкратното убиство во 2012 година останува да се води и како терористички акт.

„Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година врховниот суд го врати овој случај на почеток, овојпат кај СЈО. Во повтореното судење, обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

Масакрот се случи на 12 април 2012 меѓу 19:30 и 22:30 часот. Според зборовите на судијата Огнен Ставрев се работи за монструозно садистичко убивање и одземање на животи на четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Слични содржини