285
Вкусен десерт кој брзо се подготвува.
Состојки:
– 100 гр мелени ореви
– 150 гр мелени бисквити
– 100 гр шеќер во прав
– 100 гр чоколадо во прав
– 2-3 лажици рум
– 3-4 лажици џем од сливи
– 100 гр кокосово брашно
Подготовка:
Од горенаведените состојки направете смеса за бомбици.
Смесата се става во фрижидер 30 минути.
Потоа направете бомбици и валкајте ги во кокосово брашно.
Ставете ги во хартиени корпички и оставете ги на ладно да се стегнат уште малку.