Мицкоски: Граѓаните имаат право да кажат дали се согласни со Договорот со Бугарија

од Nikola Popovski
141 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информира дека денес заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпаролка на партијата Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствариле средба со членот на германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за Европа, Антон Хофрајтер.

-На средбата се заблагодарив за искрената поддршка на Германија кон евро-интеграцијата на Македонија. Истовремено, истакнав дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи асимилација на македонскиот народ и негирање на македонскиот јазик и идентитет.

Референдумот е најдемократски начин на изразување на мислењето на граѓаните. Оттука, граѓаните имаат право да кажат дали се согласни со Договорот со Бугарија кој на македонските граѓани им донесе обиди за негирање, асимилација и понижување, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.