Србија побара укинување на визите за Косово

од Nikola Popovski
282 прегледи

Земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони, вклучително и Србија, денеска едногласно ја поддржаа препораката на Европската унија за укинување на визите за Косово до крајот на оваа година, објави хрватски „Индекс“.

-Поминаа четири години откако Европската комисија во 2018 година потврди дека Косово ги исполнува сите критериуми за укинување на визите, но граѓаните на Косово сè уште не можат слободно да патуваат во ЕУ. Се надеваме дека оваа неправда и дискриминација наскоро ќе исчезнат, изјавила косовската претседателка Вјоса Османи на собирот во Брдо кај Крањ.

Таа истакна дека „апсолутно никој не го отфрли“ заклучокот на Процесот за препораката на ЕУ за укинување на визите. Членките на овој формат се Косово, Србија, БиХ, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Словенија и Хрватска, а во Брдо пристигнаа претставници на сите земји, вклучително и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Османи нагласи дека е исклучително важно што заклучокот е едногласно усвоен „а тоа покажува дека станува збор за процес кој доцни“ и „во кој никој не губи“. Таа очекува дека визниот режим навистина може да биде укинат до крајот на годинава бидејќи Чешка моментно претседава со ЕУ, која ја поддржува оваа идеја, а Приштина не се соочува со противење од ниту една друга членка на ЕУ.

Говорејќи за односите со Србија, косовската претседателка додаде дека Белград не ја прифаќа реалноста оти „Косово е независна и суверена држава и дека тоа е неповратна реалност“.

Слични содржини