Чижов: Односите меѓу Русија и ЕУ никогаш нема да бидат исти како пред кризата

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Односите меѓу Русија и Европската унија никогаш нема да бидат како што беа пред актуелната криза, изјави постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов, пред да замине од Брисел.

Сепак, тој изјави дека ќе биде неопходно тие односи повторно да се обноват во одреден момент во иднина, пренесе ТАСС.

„Тие (земјите од ЕУ) отидоа предалеку и не можат да отстапат. Затоа што на пример, тие би можеле да ја отворат славината на Северен тек 2 и нивниот проблем ќе биде решен. Но, тоа би значело неуспех на целата нивна политика, која е насочена кон пораз на Русија и нејзиниот претседател“, изјави постојаниот претставник на Русија во Европската унија.