Русија ќе преземе мерки за стабилизирање на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Министрите за одбрана на Ерменија и Русија, Сурен Папикјан и Сергеј Шојгу се договорија да преземат мерки за стабилизирање на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница.

Како што соопшти ерменскиот воен оддел, Папикјан и Шојгу разговарале по телефон.

„Министерот за одбрана на Ерменија на својот руски колега му ја претстави ситуацијата што настана како резултат на големата агресија на Азербејџан на суверената територија на Ерменија“, рече изворот.

„Папикјан и Шојгу се договорија да ги преземат неопходните чекори за стабилизирање на ситуацијата“, беше објавено на веб-страницата на ерменското Министерство.

Истовремено, азербејџанските медиуми јавуваат дека Баку и Ереван постигнале договор за прекин на огнот од 9:00 часот по локално време.

Претходно Ереван објави дека азербејџанската армија ја таргетирала територијата на Ерменија со употреба на артилерија и беспилотни летала. Соопштено е дека има мртви и ранети. Од друга страна, Баку ја обвини Ерменија дека ја нападнала азербејџанската војска на границата.

Слични содржини