Популарен рапер убиен при грабеж на ресторан

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Раперот „PnB Rock“ бил убиен вчера при грабеж на ресторан во Лос Анџелес.

„PnB Rock“, рапер од Филаделфија, најголема популарност стекна со хитот „Selfish“, објавен во 2016 година.

Полициската управа на Лос Анџелес соопшти дека пукањето се случило во ресторан во јужниот дел на Лос Анџелес во понеделникот попладне.

„PnB Rock“, чие вистинско име е Раким Ален, бил во ресторан со својата девојка кога се случила несреќата.

„Напаѓачот упадна во ресторанот, мавтајќи со оружје и барајќи вредни предмети. Раперот му го привлече вниманието на напаѓачот со светкавиот накит“, изјави извор за „Тајмс“.

Набргу откако упаднал во ресторанот и барал скапоцености, вооружениот напаѓач пукал во раперот. Веднаш бил префрлен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.