Перински демантира дека го местел тендерот: Арсовска не заслужува да биде градоначалник

од Nikola Popovski
225 прегледи

Довчерашниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински уште еднаш демантираше дека го местел тендерот во претпријатието за пречистителната станица.

-Невозможно е да се влијае на исходот и невозможно е да се намести. Смешни се инсинуациите презентирани од неколку портали и градоначалничката. Жал ми што сакаше моето изминато работење да го оцрни. Отворено ја прашувам дали доколку овие наводи се докажат дека се невистинити, дали ќе смогне сила и храброст да им се извини на скопјани и дали ќе си поднесе оставка, затоа што со вакви искажани фрази, Арсовска не заслужува да биде градоначалник на Град Скопје, вели Перински во вестите на Тв Сител.

Тој потврди дека „работата ќе ја турка до крај“ пред институциите и судот.

-Јас вчера пет минути пред прес-конференцијата добив конфирмација од Европската инвестициона банка дека процесот е кристално чист и нема ниту една дамка. Тоа ми е дополнителен мотив за да докажам дека работите кои што градоначалничката ги сподели со јавноста се тотално невистинити, порача Перински.

Тој информира дека имал слаба соработка со градоначалничката и дека „во изминатите осум месеци бркала магла“.

Слични содржини