„Не е во согласност со Уставот“: Џафери ја одби иницијативата за референдум

од Nikola Popovski
156 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери попладнево ја одбил поднесената иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за распишување на задолжителен референдум за поништување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

Според одговорот на Џафери до предлагачот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, иницијативата на најголемата опозициска партија не е во согласност со член 118 од Уставот на Република Северна Македонија, како и со членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот на Република Северна Македонија и како таква, „не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво“.

-Имено, во член 118 од Уставот на Република Северна Македонија е утврдено дека Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Во членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија е и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право, стои во одговорот на Џафери.

Во изминатите денови ВМРО-ДПМНЕ собра 100 потписи кои што беа доставени до Собранието, кое требаше да ја одобри иницијатива по што да почнат роковите за собирање на 150.000 потписи за распишување на задолжителен референдум.

Мицкоски претходно изјави дека очекува референдумот да биде успешен односно народот ќе се изјасни за штетниот договор со Бугарија и очекува дека власта нема да го бојкотира.

Слични содржини