Фон дер Лејен: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денеска истакна дека ЕУ останува посветена на проширувањето, со порака дека патот кон ЕУ е пат кон силна демократија и дека Западен Балкан, Украина и Молдавија се иднината на Унијата.

Фон дер Лејен во своето обраќање пред Европскиот парламент рече дека ЕУ, кога е во прашање надворешнополитичката агенда, мора да инвестира во демократијата.

„Сакам да им порачам на граѓаните на Западен Балкан, Украина и Молдавија дека тие се дел од нашето семејство, иднината на нашата Унија. Без нив нашата ЕУ не би била целосна“, навела претседателката на Европската комисија.