153
Уште пет брода натоварени со жито испловија утрово од украинските пристаништа, соопшти турското министерство за одбрана, а пренесува агенцијата „Анадолија“.
На 22 јули Турција, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со претставници од трите земји и Обединетите нации кои ги надгледуваат испораките.