ДУИ: Иницијативата намерно е смислена на правно неиздржан начин за да биде одбиена и да создава тензии

од Берта Китинска
170 прегледи

ДУИ денеска одржа прес-конференција, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отфрли рефенедумската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Иницијативата за организирање на референдумот е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија и е отфрлена бидејќи Уставот, како највисок правен акт, е многу јасен.Само за потсетување, во член 118 е предвидено дека потпишаните меѓународни договори кои потоа се ратификуваат се дел од внатрешниот правен поредок и не можеме со закон да ги менуваме.Демократската унија за интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поддржи Договорот за добрососедство со Република Бугарија, кој е меѓународен договор и според Уставот, неговото правно дејство не може да се менува“, реле Адеми.

Според ДУИ, опозицијата намерно ја смислила и испорачала иницијативата на правно неодржлив начин за организирање на референдумот, со единствена цел да биде отфрлена и во исто време да се создадат поделби и тензии меѓу граѓаните.

„Префрлањето на одговорноста на граѓаните бара алиби за сите неуспеси овие години и погрешно усогласување со регресивните сили со сеење магла и оспорување на Договорот што придонесе за членство на државата во НАТО.Во време на најголемата економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима која не чека само нас туку и цела Европа, крајно неодговорно и недозволиво е да се потрошат 8 милиони евра за организирање на референдумот, само за да станете дел од големата измама на опозицијата“, додаде Адеми.

Според него опозицијата намерно ја има смислено и поднесено иницијативата на правно неиздржан начин

„Очигледно, опозицијата намерно ја има смислено и поднесено иницијативата на правно неиздржан начин за организирање референдум, која е спротивно на Уставот, и со единствена цел, за да биде одбиена и притоа да создава поделби и тензии меѓу граѓаните, да го манипулира народот иако знаат дека референдумот нема никакви шанси да успее“, вели Адеми.

Слични содржини