213
Маж во Австралија почина откако бил нападнат од кенгур, кој го чувал како домашно милениче, соопшти полицијата.
Роднина го пронашол 77-годишникот со сериозни повреди на неговиот имот во Редмонд, на околу 400 километри јужно од Перт, вчера и повикал брза помош. Кога пристигнале болничарите, кенгурот не им дозволил да му помогнат на човекот.
Поради ова, полицијата морала да пука во животното. Мажот починал на лице место, пишува Би-Би-Си.
Во Австралија живеат околу 50 милиони кенгури, но нападите се ретки. Ова е прв смртен случај по ваков инцидент регистриран во таа земја од 1936 година.