Пронајден „шкорпион“, приведен турски државјанин

од Nikola Popovski
203 прегледи

На 13.09.2022 во 17.00 часот пред казино во Градскиот трговски центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Х.Х.(29) од Република Турција затоа што кај него бил пронајден нож, а при преглед во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки биле пронајдени пиштол-автомат „шкорпион“ со една рамка со 11 куршуми.

Со него бил извршен службен разговор и било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во Република Северна Македонија и нема одобрен привремен престој. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Известени биле Јавен обвинител и судија од Основен кривичен суд Скопје. По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини