Планот на кралот Чарлс кој ќе ги разбесни принцот Хари и Меган Маркл

од Nikola Popovski
313 прегледи

Концептот на „намалена монархија“ стана очигледен за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата во јуни, кога на балконот на Бакингемската палата се појавија само членовите на кралското семејство кои работат, како и децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Оригиналниот модел на „намалена монархија“ на принцот Чарлс, кој би вклучувал јадро од седум луѓе, вклучувајќи го и него, е доведен во прашање по серија надворешни настани. Планот првично го вклучуваше принцот Хари, но сè се промени откако Хари и неговата сопруга Меган Маркл се преселија во САД.

Истото важи и за принцот Ендру, кој го потресе скандалот околу неговото пријателство со американскиот милијардер и педофил Џефри Епштајн, како и обвинувањата за силување од Вирџинија Џуфре. Сето тоа ги „турна“ децата на кралицата, принцезата Ана и принцот Едвард во прв план.

Хари и Меган отпаѓаат?

И покрај тоа што принцот Хари е син на новиот британски крал, се чини дека тој нема да се врати на кралските обврски.

Хари и Меган ги напуштија своите кралски должности во 2020 година и се преселија во САД. Чарлс на почетокот и помагал на парот со пари од неговите приватни средства, но набрзо се се променило. Во 2021 година, односите меѓу двете страни дополнително се заладија кога Меган и Хари дадоа бомбастично интервју со Опра Винфри во кое го критикуваа кралското семејство. Двојката упати остри обвинувања кои подоцна се покажаа како неосновани и без докази, што предизвика голем гнев во јавноста особено во Велика Британија.

Ситуацијата малку се подобри во месеците што следеа, но не беа преземени драстични чекори од ниту една страна.

Меган и Хари присуствуваа на платинестиот јубилеј на кралицата во јуни оваа година, но не се појавија на балконот со остатокот од кралското семејство, што многумина коментираа дека е јасна порака до кралската двојка од Бакингемската палата.

Дека нема да има место за Хари и Меган во новата „намалена монархија“ беше јасно и кога кралот Чарлс Трети и се обрати на јавноста за прв пат откако стана монарх.

„Сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“, рече Чарлс откако му ја призна титулата на Вилијам како принц од Велс.

Исто така, иако сега кога Чарлс стана крал, децата на Хари и Меган, малите Арчи и Лилибет, имаат право на титули принц и принцеза, тие автоматски не ги добиваат. Се претпоставува дека така ќе остане засега додека Чарлс не донесе одлука за тоа.

Цел свет чека да види дали Чарлс ќе ги додели гореспоменатите титули на своите внуци или ќе се држи до својот план за намалена монархија, што би значело дека малите нема да ги добијат највисоките титули.

Кој ќе има значајна улога во „намалената монархија“?

Како крал, Чарлс ќе биде централна фигура на британското кралско семејство и монархија. Има планови да го преселат во Бакингемската палата, исто како што направила неговата мајка кога станала кралица. Друга важна фигура во семејството ќе биде неговата сопруга Камила. Таа ќе биде крунисана како „сопруга кралица“, што беше желба и на покојната кралица Елизабета Втора.

Принцот Вилијам стана принц од Велс и војвода од Корнвол, а нови титули доби и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Вилијам сега е прв во редот за тронот, па ќе го преземе и Војводството Корнвол. Војводството со себе носи огромни земјишни поседи и различни средства низ целата земја во вредност од 1,3 милијарди долари. Имотот опфаќа околу 52.000 хектари и опфаќа 20 окрузи во Англија и Велс и се состои од обработливо земјиште, делови од националниот парк Дартмур, терен за крикет, па дури и затвор.

Се верува дека единствената ќерка на кралицата, принцезата Ана, како и најмладиот син на кралицата, принцот Едвард и неговата сопруга Софи, ќе играат важна улога во новата „намалена монархија“. Тие во последните години се почесто се појавуваат во јавноста, извршувајќи должности во име на кралското семејство и се многу популарни кај Британците.

Слични содржини