Перински бара јавно извинување од Арсовска, во спротивно ќе поднесе тужба

од Nikola Popovski
244 прегледи

Разрешениот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински уште еднаш повтори дека во понеделникот, од страна на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, биле изнесени повеќе невистинити тврдења за факти штетни за неговата чест и углед, кои што потоа се пренесени преку соопшение за јавност од Град Скопје.

-Целосно манипулација и лага се тврдењата на Арсовска, дека на било каков начин сум демонстрирал самоволие и несоодветно постапување, во постапка за милионски тендер. Вака објавените информации се целосно неточни и претставуваат клеветничка изјава, која го нарушува мојот углед и чест. Како човек секогаш сум работел одговорно, професионално и со одлични резултати зад мојот минат труд, и нема да дозволам вакви навреди и институации, истакна Перински во случајот со тендерот за пречистителната станица.

Тој побара од Арсовска јавно да се извини, во спротивно, во законски предвидениот рок од 48 часа, ќе поднесе тужба за утврдување граѓанска одговорност за клевета.

Слични содржини