Вонбрачни деца, љубовници и пад на монархијата: Кои биле Чарлс I и Чарлс II?

од Nikola Popovski
251 прегледи

Најстариот син на кралицата Елизабета, Чарлс Филип Артур Џорџ, во четвртокот стана нов британски крал.

Чарлс го зеде кралското име Чарлс III, иако некои кралски експерти шпекулирале дека тој би можел да стане Џорџ VII поради историјата на кралското име Чарлс.

Двајцата кралеви Чарлс живееле во 17 век и припаѓале на династијата Стјуарт.

Чарлс I остана запаметен затоа што неговото владеење беше проследено со пад на британската монархија и воспоставување република.

Чарлс I

Чарлс Први, роден во 1600 година, бил вториот син на кралот Џејмс VI. Тој станал наследник по смртта на неговиот постар брат Хенри.

Тој се искачил на тронот во 1625 година. Политиките на Чарлс I честопати биле непопуларни и кај неговите поданици и кај парламентот.

Неговата религиозна политика се сметала за премногу поволна за римокатолицизмот и тој собирал даноци без согласност на Парламентот.

Тензиите меѓу неговите поддржувачи, познати како Кавалиерс, и поддржувачите на Парламентот, познати како Раундглави, доведоа до Англиската граѓанска војна.

Бил поразен во 1645 година, затворен, осуден за велепредавство и погубен со обезглавување во 1649 година, пишува „Index.hr“.

Комонвелтот на Англија беше основан како република, а монархијата беше укината на 11 години.

Чарлс II

Иако првично беше прогласен за крал од шкотскиот парламент по егзекуцијата на неговиот татко, Чарлс Втори (роден во 1630 година) владеел само во 1660 година.

Живеел во егзил во Европа додека не била обновена монархијата и бил поканет да се врати во Англија.

Односите меѓу новиот монарх и парламентот не беа далеку од идилични.

Чарлс II го распуштил парламентот, владеејќи без него во последните четири години пред неговата смрт во 1685 година. И покрај политичките тензии, Чарлс II бил попопуларен крал од неговиот татко.

Тој бил познат како „веселиот монарх“ и водел живот полн со хедонизам.

Имал најмалку 12 вонбрачни деца со љубовници, но не оставил легитимен наследник.

Него го наследил неговиот брат Џејмс Втори од Англија (Џејмс VII од Шкотска).

Слични содржини