Иницијативата за референдумот која претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отфрли е всушност е одлука на Ковачевски и елитата во СДСМ за да избегаат соочување со народот, смета Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „ Што не е јасно“.
Тој повтори дека уште во времето на неговото потпишување предупредувале за штетноста на овој договор.
-Денеска еве ден за ден гледаме како почнаа да се актуелизираат таканаречените бугарски-историски вистини кои што стигнаа како последици на овој договор. Меѓутоа сега Ковачевски и неговата елита сакаат да најдат начин да избегаат од волјата на народот. Впрочем тој и така стана премиер, ние сега имаме неизбран премиер кој што не го гласале, кој што не говорел пред повеќе од 100 луѓе, камоли да замисли еден процес на собирање на 150.000 потписи, камоли да замисли еден процес каде што ќе се оди на бројка од 900.00 за правење на цензус, а сите анкети, истражувања покажуваат дека во Македонија над 60% се против овој договор, кажа Лефков.