Израелската армија уби седумнаесетгодишен Палестинец

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Израелската армија денеска уби 17-годишен Палестинец на Западниот Брег, соопштија палестинските власти.

Палестинското министерство за здравство соопшти дека Одаи Салах (17) бил застрелан во главата, а се уште не се познати сите околности за неговата смрт, пренесува АП.

Израел го освои Западниот Брег, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа, во војната во 1967 година, а Палестинците ги сакаат тие територии во своја држава.

Слични содржини