Шолц откри детали од разговорот со Путин: „За жал, не можам да кажам дека разбрал“

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин не се колеба во својот став за војната во Украина, изјави во средата германскиот канцелар Олаф Шолц.

„За жал, не можам да кажам дека разбрал дека е грешка да се започне оваа војна“, рече Шолц, коментирајќи го телефонскиот разговор со Путин одржан во вторникот, кој траеше час и половина.

Шолц нагласи дека сепак има смисла да се разговара со рускиот лидер за да се објасни германската позиција.

„Цврсто сум убеден дека Русија треба да ја повлече својата војска за да има изгледи за мир во регионот. И секој ден мислам дека тоа е единствениот начин“, рече тој.

Тоа беше првиот разговор на Шолц со Путин по повеќе од три месеци. Тој е убеден дека дипломатско решение и целосно повлекување на руската армија мора да се постигне што е можно побрзо.

Слични содржини