150
Русија не ја поддржува одлуката да му се дозволи на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, да се обрати на Генералното собрание на ОН преку претходно снимено видео, бидејќи тоа е кршење на правилата, изјави за новинарите постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Ова е уште едно прекршување на правилата што ние (земјите членки на ОН) ги поставивме. Зеленски нема проблем да патува низ земјата, тој вчера ги посети регионите, но не може да дојде овде (на Генералното собрание)“, рече Небензја, објави ТАСС.
„Ако не можете да дојдете, испратете ваш претставник да зборува на Генералното собрание. Ова е уште еден прекршок“, рече Небензја.