Состојки:
– 250 гр брашно
– 150 гр шеќер
– 150 мл млеко
– 100 гр путер
– 2 јајца
– кесичка прашок за пециво
– прстофат сол
– 2 кесички ванилин шеќер
– 2 кесички чоколадни трошки
– 2 шаки крупно мелени лешници
Подготовка:
За мафините најважно е да се соединат влажните и сувите состојки одделно, се да се измеша колку добро да се соедини, а влажните состојки секогаш да се стават во сувите.
Измешајте ги шеќерот, брашното, прашокот за пециво, солта и ванилиниот шеќер. Растопете го путерот и изладете го, а со рака изматете ги јајцата.
Во друг сад измешајте млеко, растопениот и изладен путер и изматените јајца. Додадете ги влажните состојки на сувите состојки и измешајте сè со блендер додека убаво не се соедини.
Потоа додадете ги чоколадните трошки и крупно мелените лешници. Зачувајте дел од лешниците за посипување пред печење.
Во калапите за мафини ставете хартиени корпички и наполнете ги до 2/3 бидејќи мафините ќе нараснат.На крајот посипете со лешници.
Печете 15 до 20 минути.