Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека 71 азербејџански војник загинале во текот на оваа недела во обновените судири на границата со Ерменија, пренесува „Ројтерс“.
Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека започнале серија гранични судири на 12 септември.
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН.